Се истакнува дека за три години телесната тежина на пациентот се зголемила за една третина, а обемот на туморот изнесувал околу 60 на 60 сантиметри. Единственото нешто на што се жалел пациентот била неудобноста кога лежел на грб. Кога отишол на лекар, му бил дијагностициран со ретроперитонеален тумор.
Поради големината на липосаркомот, во состав на оперативната група имало хирург и четири асистенти, како и пластичен хирург. Покрај малигниот тумор, било отстрането и десното крило на дебелото црево, затоа што неговите садови биле вовлечени во туморот. Лечењето беше бесплатно, на сметка на сојузниот буџет, човекот ја издржа операцијата и беше пуштен на домашно лекување.
„Поради огромната тежина и големината на туморот, кај пациентот всушност се сменила анатомијата на стомачната празнина – десниот бубрег беше потиснат во десниот поддијафрагмален простор, тенкото церво се најде во левиот поддијафрагмален простор. Органите ги вративме на место, по што на нашата работа се придружи пластичен хирург“, додаде раководителот на ФГБУ „РНИОИ“ на Министерството за здравство на Русија Олег Кит, кој ја изврши операцијата, пренесува „Лента.ру“.
Во мај оваа година, онколозите од РНИОИ оперираа жена со липосарком со големина 30 на 35 сантиметри. Освен тоа, минатата година хирурзите извршија операција за отстранување на тумор тежок 20 килограми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче