Во Русија традиционално, целосниот успех на отстранување на туморот се одредува „од око“, поаѓајќи од искуството на хирургот, по резултатите од магнетната резонанца. Но, ваквата оцена е субјективна. На снимките е тешко да се забележат остатоците од туморот: крв, материја која го запира изливот на крв, остатоци од тумори – сето тоа на магнетната резонанца има отприлика иста боја. Извор: Shutterstock
Неврохирурзите и информатичките технолози се обединија за да ја создадат програмата Brain Target. Новиот изум овозможува да се визуализира и да се измери големината на остатоците од туморот на мозокот, и адекватно да се набљудуваат нивните промени.
Со помош на Brain Target може да се спречи излив на крв при лекување артериозни малоформации, односно вродени патологии на мозочните садови.
„Кога завршив медицински факултет, на ум ми дојде идејата да создадам нешто што ќе овозможи да се објективизираат нашите лекарски одлуки во ситуации од кои зависи животот и здравјето на пациентот“, вели неврохирургот и автор на алгоритамот Глеб Сергеев.
Насочен удар кон ракот
Оперирањето на малигниот тумор на мозокот не значи и ослободување од него. Дури и ако е успешно отстранет, повторно треба активно да се набљудува. Туморот не може секогаш во целост да биде отстранет, зашто тој продира во функционално значајни делови на мозокот. За да ги отстраниме остатоците, предвидена е хемотерапија.
Во Русија традиционално, целосниот успех на отстранување на туморот се одредува „од око“, поаѓајќи од искуството на хирургот, по резултатите од магнетната резонанца. Но, ваквата оцена е субјективна. На снимките е тешко да се забележат остатоците од туморот: крв, материја која го запира изливот на крв, остатоци од тумори – сето тоа на магнетната резонанца има отприлика иста боја.
Токму овој проблем може да биде решен со помош на Brain Target. Програмата истовремено обработува прикази добиени на различни снимки од магнетна резонанца и прави своја варијанта. Неа ја гледа неврохирургот. Во Brain Target сите делови – крвта, материјата која го запира изливот на крвта, остатоците од тумор – имаат различни бои и различни карактеристики.
Програмата не помага само во случаи на малигни тумори на мозокот, туку и во патологијата на крвните садови. Да кажеме, за време на операција на емболија на аретриско-венски малформации, програмата го определува степенот на нејзиното исклучување од крвотокот со цел спречување излив на крв.
Опремата е тестирана на неврохируршкото одделение на Новосибирскиот научно-истражувачки институт за патологија на излив на крвта „Е.Н. Мешалкин“.
„Ги проверувавме пациентите веднаш по операцијата и ги откривавме оние делови во кои би можеле да настаната рецидиви“, вели Глеб Сергеев. „За половина година повторно ги прегледавме. Практиката покажува дека Brain Target јасно ги има определено опасните зони“.
Веќе и една друга клиника од Новосибирск од медицинскиот центар на Далекуисточниот федерален универзитет мошне позитивно се изјасни. Резултатите се одлични, но за овој производ да се воведе и да се олесни работата на неврохирургот, треба да се направат истражувања во повеќе центри. А, за тоа е потребна законска практика во Русија.
Низ програмата мораат да поминат истражувања на илјадници болни, а, исто така, треба да се направат и работни истражувања. Тогаш екипата на проектот може да претендира на регистрација и да го шири програмскиот производ, најпрво во Русија, а потоа и во странство.
Моментално екипата на Brain Target бара финансии за разработка на програмскиот дел и за производство на финална верзија на производот. За тоа се потребни минимум 5 милиони рубли (околу 139 илјади американски долари).
Со помош на програмата веќе се прегледани околу педесетина пациенти. Во сите случаи Brain Target ги определил остатоците од малиген тумор. Има стопроцентна чувствителност и специфичност на материите кои го запираат изливот на крвта и висока повторливост на резултатите.
Само во Русија постојат 50-60 клиники кои прават околу 50.000 операции на тумор на мозокот. За споредба во Кина се прават околу 350.000 операции, во Соединетите Американски Држави – 100.000, а во Канада 25.000.
Проблемот е во тоа што руските неврохирурзи ги оперираат оние кои успеале да влезат во федералната државна квота. Постојат и приватни операции, но болните не се во состојба да ги платат. Да кажеме, во Москва една таква операција чини од 900.000 до 4.500.000 рубли (од 25 до 125 илјади американски долари). Ова за поголемиот број Руси е премногу скапо.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче