Русија првпат освои пет златни медали на Меѓународната олимпијада по физика

Ученици од Русија ги освоија првите награди на олимпијадите по физика и математика кои се одржаа во Индонезија и Бразил.

Руски ученици освоија неколку златни медали на последните меѓународни Олимпијади по физика и математика. Така, на 48 Меѓународна Олимпијада по физика што се одржа во Индонезија, Русите, за прв пат во историјата, освоија пет златни медали. На Олимпијадата по математика во Рио де Жанеиро Михаил Иванов од Санкт Петербург освои едно злато, додека рускиот тим го зазеде 11 место, пренесува RT.

На руските ученици и нивните тренери им честиташе и министерката за образование и наука на Русија Олга Васиљева. 

Еден од медалистите, ученикот во московското училиште Бр. №1329 Дмитриј Плотников смета дека, независно од тоа колку е пријатно да се освои златото, во моментов за него најважно за него е запишувањето на добар универзитет. Друг носител на златен медал по физика, ученик во Лицејот-интернат за физика и математика од Република Коми Кирил Паршуков изјави дека при врачувањето на наградата почувствувал „задоволство од постиигнувањето на целта кон која одел три години“.

Раководителот на руската екипа, проректорот за настава и предфакултетска подготовкка на МФТИ Артјом Воронов изјави дека децата многу емотивно ја доживувале олимпијадата, но дека таа била организирана на начин што сѐ одвивало во позитивна атмосфера.

„Сите се погрижија многу добро. Ова е заедничка победа, уникатна за Русија - никогаш во историјата немало пет златни медали по физика и ние, се разбира, долго одевме на таа победа“, додаде Воронов.

Во саботата, 22 јули, заврши и Меѓународната олимпијада по математика во Рио де Жанеиро. На неа руските ученици го зазедоа 11 место во екипен пласман.

Најдобар резултат покажа Михаил Иванов од Санкт Петербург. Тој осови златен медал и го зазеде 14 место во индивидуален пласман.

Пред една недела руски ученици исто така освоија и две злата и две сребра на Меѓународната олимпијада по хемија што се одржа во Тајланд. На олимпијадата учествуваа претставници на 76 земји, а апсолутен победник на Олимпијадата стана московскиот ученик Александар Жигалин.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња