ММФ ја потврди прогнозата за обнова на руската економија

Во 2017 година Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува постепено заздравување на руската економија, се вели во билтенот на ММФ.

Билтенот „Перспективи на развојот на светската економија“ е подготвен за годишното собрание на ММФ во Куала Лумпур, пренесува „Взгљад“.

Во него се вели дека руската економија „според предвидувањата, постепено ќе заздравува во 2017 и во согласност со априлската прогноза“.

ММФ ја истакнува стабилноста на нивото на инфлацијата во новите пазарни економии, а во некои дури и „значително се намали“, како на пример, во Бразил и Русија.

Покрај тоа, ММФ ја намали својата прогноза за светските цени на нафтата за 2017 2018 година. Фондот очекува дека цената на нафтата ќе биде 51,9 долари во 2017 и 52 долари во 2018 година, иако во април предвидуваше цена од 55,23 и 55,06 долари.

Во април, ММФ ја ревидираше својата прогноза за Русија во насока на подобрување и очекува од економијата на земјата раст од 1,4% во 2017 и уште за толку во 2018 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња