Министерството за одбарна на Хрватска испрати официјален повик за прибирање понуди за купување на 12 ловци за Военото воздухопловство на земјата, соопштува Jane's Defence Weekly. Набавените летала треба да ги заменат 12 советски МиГ-21бис и школските Миг-21УМ. Тендерот треба да заврши до крајот на 2017 година.
Хрватската војска испрати повик до амбасадите на САД, Израел, Грција, Шведска и Јужна Кореја. Во првите три случаи се работи за можноста за набавка на користени ловци F-16 од составот на воените воздухоповства на соодветните земји, во случајот со Шведска – за купување на ловци JAS-39 Gripen на компанијата SAAB, со Јужна Кореја – за купување на авион FA-50 (лесен јуришен авион врз база на школскиот T-50 Golden Eagle).
Во моментов ВВ на Хрватска располага со 12 авиони МиГ-21бис и МиГ-21УМ произведени 1970-те кои ѝ останаа во наследство од Военото воздухопловство на Југославија. Пред некое време Хрватска склучи договор за ремонт на овие летала во Украина, меѓутоа реализацијата на договорот не беше исполнета од украинска страна. Во март 2017, според рускиот воен блог bmpd, кој го водат припадниците на Центарот за анализа на стратегии и технологии, во Военото воздухопловство на Хрватска имало само МиГ-21бис и еден МиГ-21УМ способни за летање.
Хрватска бара замена за МиГ-21 повеќе од 10 години. Во 2008 година Министерството за одбрана на Хрватска испрати барање за информација, меѓутоа тогаш владата немаше издвоено средства за купување на ловци. Ново барање за информации беше испратено летото 2015 година и според добиените информации врз таа основа беше објавен тендерот и барањето за прибирање на понуди, пишува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче