ВКС на Русија ќе добијат повеќе од 100 нови авиони и хеликоптери во 2018

Зборувајќи за новата државна програма за вооружување 2018-2025 година, командантот на Воздушно-космичките сили на Русија Виктор Бондарев потенцираше дека „авијацијата не ја навредија“.

Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија планираат да добијат во 2018 година повеќе од сто нови авиони и хеликоптери. Ова за новинарите на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2017 го изјави командантот на ВКС на РФ Виктор Бондарев.

„Ќе добиеме не помалку од оваа година. Повеќе од сто нови летала, плус модернизацијата и капиталниот ремонт на постојните. Многу добро се обновуваме“, изјави Бондарев, пренесува ТАСС.

Зборувајќи за новата државна програма за вооружување 2018-2025 година, командантот на Воздушно-космичките сили на Русија Виктор Бондарев потенцираше дека „авијацијата не ја навредија“.  

„Сите прекрасно знаат дека светот денес чекори по патот на развојот на авијациско-космичката компонента. Таму има нови технологии, развој, напредок. На крајот на краиштата, тоа влијае и на развојот на домашното стопанство, индустријата“, заклучи командантот на руските ВКС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња