Советскиот научник Павел Сухој на 5 заседание на Врховниот совет на СССР. Москва, СССР.
Василиј Егоров, Евгениј Касин/ТАССПавел Сухој е роден на 22 јули 1895 година во гратчето Хлибокае во близина на Витебск, Белорусија - дел од руската империја во тоа време. По дипломирањето на Царското техничко училиште во 1925 година, Сухој дизајнираше и конструираше авиони, вклучувајќи го рекордердерскиот „Туполев АНТ-25“ и тешките бомбардери ТБ-1 и ТБ-3. Тој, исто така, го конструираше повеќенаменскиот лесен авион - Су-2 - која беше користен првите години на Втората светска војна.
Сухој исто така го конструираше авионот Су-6, но Сталин реши да не го пушти авионот во производство и наместо него го одбра Иљушин Ил-2.
Во повоените години, Сухој беше меѓу првите советски конструктори на авиони кои работеа на млазен авион, создавајќи неколку експериментални авиони-ловци.
За време на Студената војна, дел од неговите конструкции беа суперсоничниот Су-7, кој стана главниот советски ловец-бомбардер во 1960-те, како и пресретнувачите Су-9 и Су-15, кои го чинеа ‘рбетот на ПВО. Тој, исто така, ги конструираше и авионите Су-17 и Су-24. Последниот ловец кој Сухој го конструираше беше Т-10 (Су-27), но не доживеа да го види како лета.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче