Бондарев: Ловецот ПАК ФА му дава неограничени можности на пилотот

Командантот на Воздушно-космичките сили на РФ Виктор Бондарев ги пофали можностите на ловецот од петта генерација ПАК ФА (Т-50).

Рускиот ловец од петта генерација ПАК ФА (Т-50) му дава на пилотот практично неограничени можности во поглед на пилотирањето и борбата, изјави командантот на Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија Виктор Бондарев.

„Засега би рекол дека физиолошки граници за пилотот на ПАК ФА не постојат. И според развојот, и според работата на ова летало“, изјави генерал-полковник Бондарев.

Според него, кај Т-50 не само што се подобрени десетици различни параметри, како на пример силата на моторот, опсегот или товарот на бомби што може да го понесе. „Конструкторите работат напорно леталото да може да го дава максимумот за пилотот“, додаде Бондарев.

На 20 јули Бондарев изјави дека првата фаза на државните испитувања на ловецот е завршена.

„Преминуваме на втората фаза на тестирање. Исто така, добиена е препорака за почеток на производството на основната партија авиони“, изјави тој, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња