Рускиот „Прогрес МС-05“ потопен на „гробиштата на вселенските бродови“

Рускиот товарен вселенски брод „Прогрес МС-05“ е потопен во подрачје на Тихиот океан недостапно за бродови, соопшти Центарот за контрола на летање.

Како што соопшти претставникот на Центарот за контрола на летање, „Прогрес МС-05“ „го заврши својот лет“.  Во густите слоеви на атмосферата „се случи уништување на конструкцијата“, фрагментите кои не изгореа паднаа во океанот, пренесува „Взгљад“.

„Прогрес МС-05“, лансиран од космодромот Бајконур, успешно влезе во орбитата и се спои со Меѓународната вселенска станица во февруари. Лансирањето на „Прогрес МС-05“ беше последно за ракетата-носач „Сојуз-У“.

Во јуни од космодромот Бајконур беше лансирана ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ со вселенскиот товарен брод „Прогрес МС-06“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња