Путин: Русија нема во скоро време да остане без рудни богатстава

Путин додаде дека Русија треба да размислува за користење на обновливи извори на енергија.

Русија нема во скоро време да остане без рудни богатства, затоа што на територијата на земјата постојано се откриваат нови резерви на енергенси, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

Тој додаде дека Русија треба да биде на чело на прогресивните тенденции и да размислува за користење на обновливи извори на енергија, пренесува „Взгљад”.  

Во октомври 2016 година Путин изјави дека не постојат реални основи за тврдењата дека ерата на фосилните горива е при крај.

Во март 2016 година министерот за екологија Сергеј Донској соопшти дека Русија има докажани резерви на нафта доволни за 28 години експлоатација, но подоцна додаде дека развојот на технологиите за добивање нафта од тешко достапни извори ќе ги удвои количините на резерви од оваа суровина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња