Повеќе од половина Руси не сакаат да се заборават успесите на Сталин

Поставувањето на јавни места на таблоа, бисти и други обележја кои зборуваат за државничките успеси на советскиот водач Јосиф Висарионович Сталин го поддржуваат 62% од руските граѓани.

Резултатите од телефонската анкета на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ) спроведена на 7 и 8 јули на примерок од 1200 испитаници покажуваат дека 62% од испитаниците го поддржуваат поставување на спомен-обележја на јавни места со кои се овековечуваат државничките успеси на советскиот водач Сталин.

Истражувањето спроведено од ВЦИОМ исто така покажа дека 65% од луѓето се против поставување спомен-обележја кои зборуваат за злосторствата и неуспесите на Сталин.

Истражувачитепотсетуваат дека младината поактивно од сите останати се искажува за овие прашања, додека кај постарите луѓе појасно се манифестира несогласувањето со поставување обележја со кои се велича поранешниот раководител на Советскиот Сојуз.

Резултатите од претходно истражување на ВЦИОМ покажаа дека преку 40% од Русите сметаат дека сталинските репресии биле изнудена мерка, пренесува RТ .

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња