Песков ја нарече куриозитет веста за „часовникот на Путин“ од 1 милион евра

Кремљ демантира дека рачен часовник на Путин бил продаден на аукција.

Рачниот часовник, продаден на аукција за 1 милион евра, со документи за гаранција на име Владимир Путин, нема никаква врска со претседателот на Русија, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков. 

„Аукциската куќа, најверојатно, едноставно измамила некој купувач. Добро ја набил цената. Но, тоа купувачот нека се разбира со аукциската куќа. Овој часовник никогаш немал никаква врска со претседателот“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.

Портпаролот на рускиот претседател истакна дека Кремљ нема да намера да стапи во некаков контакт со аукциската куќа и да разјасни кому му припаѓа часовникот.

„Оваа тема е апсолутно од категоријата на куриозитети кои немаат никаква врска со нас“, појасни тој, додавајќи дека „делото на Остап Бендер живее“.

Претходно телевизијата Би-Би-Си повикувајќи се на компанијата Monaco Legends која ја одржа аукцијата, соопшти дека бил продаден на аукцијата Antiquorum рачен часовник Patek Philippe Triple Complication со гарантни документи на име Владимир Путин по цена повисока од 1 милион евра.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња