Британското МНР соопшти дека се обидело да го ослободи нацистот Рудолф Хес

СССР ги одбил сите барања на Велика Британија за ослободување на Хес.

Велика Британија во повеќе наврати се обратила до Советскиот Сојуз со предлог за ослободување од затворот Шпандау во Берлин на Рудолф Хес, заменикот на Хитлер за прашања на нацистичката партија. Како што пишува „Гардијан“, јавноста дознала за ова благодарејќи на тоа што британското Министерство за надворешни работи објавиле претходно непознати документи.

Министрите за надворешни работи на Велика Британија со децении праќале барања во Москва (11 пати самостојно и уште 14 пати заедно со властите на Франција и САД). Првото такво барање е од 1957 година, односно повеќе од десет години по пресудата за нацистите во Нирнберг. Исто така, постои и нацрт-обраќање од 1982 година напишано во име на премиерката Маргарет Тачер, во кое генералниот секретар на ЦК КПСС Леонид Брежњев се моли да го ослободи Хес, кој е прогласен виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото „поради хуманитарни причини, затоа што никој не заслужува таков третман“.

На сите тие барања СССР одговорил негативно, истакнувајќи дека не го смета за можно ослободувањето на високиот претставник на нацистичка Германија, затоа што тоа би било сквернавење на споменот на милионите советски граѓани загинати во Големата Татковинска војна, пренесува „Интерфакс“.

Хес беше осуден на доживотна робија и изврши самоубиство 1987 година кога имаше 93 години.

Историчарите сметаат дека еден од најинтересните детали во неговата биографија е летот во Шкотска 1941 година каде тој, според неговите сопствени збориви, планирал да преговара со војводата Хамилтон за сепаратен мировен договор, со што би се зајакнала положбата на Германија во Европа и би се утврдил статусот на Велика Британија како империја.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња