Како што пишува „Газета.Ru“, населението на Русија се намалило за 31,1 илјади луѓе и на 1 јуни 2017 година населението на земјата изнесувало 146,8 милиони луѓе.
Се истакнува дека бројот на родените во Русија во периодот од јануари до мај 2017 година се намалил на 679,2 илјади, додека во истиот период минатата година тој број изнесувал 762,5 илјади.
Притоа бројот на умрени за наведениот период се намалил на 791 илјади, додека во 2016 година тој број изнесувал 804,1 илјади.
Се потенцира дека за периодот јануари-мај 2017 година е регистрирано намалување на бројот на населението за 111,8 илјади луѓе, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче