Путин: Русија има очигледни предности пред другите земји

Русија има очигледни конкурентни предности пред другите земји, изјави претседателот Владимир Путин во интервјуто за емисијата „Вести во сабота“ со Сергеј Бриљов.

„Русија се менува, Европа се менува, целиот свет се менува. Ние имаме многу проблеми, но имаме и очигледни конкурентни предности пред другите земји. Животот го покажува тоа“, го коментираше Путин присуството на „Директната линија“ на девојка од Литванија која студира во Томск, пишува „Взгљад“.  

Путин истакна дека според пописот на населението во 1985 година, околу 1990-те години во Литванија живееле над 3,5 милиони души, а сега има за третина помалку.

„Уште полоша е ситуацијата, да речеме, во Латвија. Малку подобра е во Естонија. Но одливот на населението е колосален, едноставно колосален“, рече претседателот на Русија.

Зборувајќи за Русија, тој укажа на миграцискиот прилив и демографскиот прираст на населението.

„Во Русија се регистрира миграциски прилив. И, како што знаете, и нашата демографија, фала му на Бога, веќе неколку години има позитивна динамика, да. Така. Затоа, да, освен сето останато, ние посветуваме, можеби, недоволно, но сепак постојано посветуваме внимание на високото образование.  Еве ја таа поддршка со грантови, за која веќе зборував, по неколку линии, па, тоа привлекува, привлекува кај нас млади истражувачи. Нам ни е многу мило за тоа“, истакна Путин.

Во текот на „Директната линија“ Путин, одговарајќи на прашање на летонска студентка од Томскиот универзитет, изјави дека во Сибир во моментов можеби е побезбедно отколку во европските земји.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња