Русија ќе добие хиперсонични дронови во 2020 година

Генералниот директор на Корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ (КТРВ) Борис Обносов изјави дека во 2020 во Русија ќе се појават хиперсонични беспилотни летала.

Како што прецизираше Обносов на авиосаемот МАКС-2017, во 2020 година ќе има сериозно воведување на хиперсонични брзини од аспект на беспилотните летала.

„Во оваа насока оди работата, на моторите се работи сериозно, на материјалите, на системите“, изјави Обносов, пренесува „Взгљад“.

Исто така, претставникот на корпорацијата најави појава на линија на авионски високопрецизни крстосувачки ракети со дострел до илјада километри.

„Во оваа насока оди новата линија на производи, има до 200, до 400, до 600, до илјада километри производи. Мислам дека до 2020 година точно ќе се справиме со оваа линија“, изјави Обносов. 

Покрај тоа, Обносов раскажа за ракетите со елементи на вештачка интелигенција кои може да се појават во Русија за неколку години.

„Во оваа насока се работи, тоа е многу сериозна област која бара фундаментални истражувања. До денес одредени успеси има, но ќе поработиме уште неколку години за тоа да биде конкретно“, изјави претставникот на корпорацијата.

Генералниот директор на КРТВ исто така изјави дека во моментов се вршат работи вклучени во новата државна програма за вооружување за 2018-2025 година за модернизација на високобрзинската подводна ракета „Шквал“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња