Научниците на Рускиот фонд за перспективни истражувања го претставија „нервниот систем“ на авионот на иднината ПАК ФА.
Како што изјави извор од Фондот, таканаречениот нервен систем треба да биде инсталиран во ловецот ПАК-ФА (Т-50) и другите летала во иднина, пренесуваат руските медиуми.
На саемот МАКС-2017 беше претставена макета на ПАК ФА направена од композитни материјали, а споменатиот пронајдок претставува систем за контрола на состојбата на конструкцијата на авионот врз база на функционирањето на нервниот систем на живите организми.
Во структурата на композитниот материјал се вградуваат оптички влакна, чувствителни на механички дејства, кои се споени во мрежа. Потоа податоците за состојбата на конструкцијата се пренесуваат со ласерски зрак внатре во оптичкото влакно.
Според зборовите на конструкторите, новиот систем треба да ја зголеми безбедноста на летовите на авијацијата и да ги намали трошоците за одржување и ремонт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче