Новата верзија на бомбардерот Ту-160 доаѓа за четири години

Ту-160М2 претставува коренита модернизација на основниот проект на суперсоничниот стратешки бомбардер Ту-160.

За четири години почнува сериското производство на новата верзија на бомбардерот Ту-160. Ова на авиосаемот МАКС-2017 го изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.

„За почетоткот на 2018 година е планиран првиот лет на авионот во новиот облик, од 2021 година почнува сериското производство по 3-4 авиони годишно. Планираме да купиме околу 50 авиони од оваа марка”, рече Борисов, пренесува „Лента.ру“

Претходно на 11 јули беше соопштено дека првиот авион од типот Ту-160М2 стигнал во одделот на фабриката за склопување во Казањскиот завод за производство на авиони.

Ту-160М2 претставува коренита модернизација на основниот проект на суперсоничниот стратешки бомбардер Ту-160. Главната разлика ќе биде во системот за радио-електронско војување. Модернизираниот авион ќе има 60% нови делови. Исто така, авионот ќе добие нови авијациски офанзивни средства.

Суперсоничните стратешки бомбардери-носачи на ракети Ту-160 влегоа во состав на стратешката авијација на Русија во 1987 година. Леталото со маса до 275 тони при полетување развива максимална брзина поголема од 2000 километри на час и може да носи до 40 тони борбен товар. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња