Во текот на 2017 година Министерството за одбрана на Русија ќе добие 15 комплети модернизирани станици за противелектронски пречки САП-518СМ, наменети за опремување на повеќенаменските ловци Су-30CM. Церемонијата на предавање на првиот комплет се одржа на авиосаемот МАКС-2017.
„Ловците Су-30CM активно ги применуваат системите САП-518. Ова денес е најнапредниот систем за противелектронски пречки, да речеме, тоа е „Хибини“ во малку повеќе модернизирана форма. Станицата активно се користи и во Сирија“, изјави советникот на првиот заменик-директор на Концернот „Радиоелектронски технологии (КРЕТ) Владимир Михеев, пренесува „Лента.ру“.
Како што објаснуваат од КРЕТ, руското Воено воздухопловство веќе добило околу 100 станици САП-518.
Во 2013 година беше соопштено дека е потпишан договор за развој на напреден систем „Хибини-У“, наменет за авионите Су-30CM.
Станицата за противелектронски пречки САП-518 е наменета за индивидуална противелектронска заштита на авионите од ракети и авионски наведувани ракети. Заедно со станицата за групна заштита САП-14, станицата за радиоелектронско извидување и подсистемите за поддршка, САП-518 е дел од системот за противелектронско војување „Хибини“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче