„Сметам дека наградата „Оскар“ денес е исто што и „Мекдоналдс“ – тоа е транснационална корпорација. И квалитетот ѝ е многу сомнителен“, изјави Кончаловски, пренесува ТВ „Ѕвезда“.
Според мислењето на режисерот, кој пред неколку години доброволно го напушти рускиот комитет на „Оскар“, руските филмови не треба да се кандидираат за таа награда.
„Никого не треба да праќаме. Треба да им објавиме санкции, нека живеат без нас“, изјави режисерот.
„Оскарот“ за мене не постои. Доколку би живеел во Америка, веројатно би сакал да го добијам, но што ќе ми е во Русија?“, се прашува Кончаловски.
Според неговото мислење, многу „оскаровци“ снимени последниве 20 години немаат естетска вредност и не спаѓаат во уметност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.