„Рај“ е филм за Втората светска војна и холокаустот. Се раскажува за луѓе чии судбини се испреплетуваат во Втората светска војна: онаа на руската емигрантка Олга, учесничка во движењето на францускиот „Отпор“, Французинот-колаборационист Жил и офицерот на СС Хелмут. Филмот првпат беше прикажан во септември 2016 година на Венецискиот филмски фестивал. Кончаловски тогаш доби „Сребрен лав“ за режија.
Познатиот филмски критичар и писател Антон Долин смета дека рускиот филм има шанси, иако конкуренцијата е силна: „Не ги гледав сите филмови од објавениот список, сепак, точно можам да кажам за еден силен и достоен конкурент. Тоа е потценетиот во Кан и неодамнешниот добитник на „европскиот Оскар“, филмот „Тони Ердман“ на Марен Аде“.
Долин истакнува дека Кончаловски е добро познат во Америка (тој има снимено неколку филмови во Холивуд), а филмовите за Втората светска војна и холокаустот се секогаш добро примени од членовите на академијата на оскаровскиот комитет.
„Последниот пат кога филмови за војната добија награди за најдобар филм на странски јазик – тоа беа „Ида“ и „Синот на Саул“. Зошто и третпат да не се истакне филм со слична тематика?!“, изјави критичарот за „Руска реч на македонски“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче