Министерството за одбрана на Русија планира од 2018 да почне со набавка на ловецот МиГ-35. Ова за новинарите го изјави во вторникот заменик-министерот за одбрана на Русија Јуриј Борисов.
„Завршуваат тестирањето и конструкторските работи, се надеваме дека од 2018 година ќе реализираме купување во интерес на Вооружените сили“, изјави Борисов на авиосаемот МАКС-2017, пренесува ТАСС.
МиГ-35 е најновиот руски повеќенаменски ловец од генерацијата 4++, кој претставува понатамошен чекор во развојот на авионите МиГ-29К/КУБ и МиГ-29М/М2. Летечките тестирања на Миг-35 почнаа на 26 јануари, додека на 27 јануари во Подмосковје беше одржана меѓународната презентација на новиот авион.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче