На МАКС-2017 ќе биде претставена најновата ПВО ракета за блиска борба

Новата ракета 9М100 може да гаѓа цели на растојание до 15 километри, на висина од пет метри до осум километри.

На авио-салонот МАКС-2017, кој се отвора во вторник, 18 јули во подмосковскиот град Жуковски, ќе биде претставена најновата противвоздушна наведувана ракета 9М100, наменета за бродски противвоздушен ракетен систем, пишува „Лента.ру“.

Новата ракета спаѓа во средствата за ПВО за блиска борба и може да гаѓа цели на растојание до 15 километри, на висини од пет метри до осум километри. 9М100 може да се користи за борба против високопрецизно оружје, летала со и без пилот, кои развиваат брзина до илјада метри во секунда, како и за гаѓање на бродови со мали димензии.

Претходно медиумите објавија дека ракетата 9М100 е наменета за стандардните вертикални лансери на противвоздушниот систем „Редут”, при што во еден лансер можат да се стават четири ракети.

Меѓународниот воздухопловно-космички салон МАКС-2017 ќе се одржи во Жуковски од 18 до 23 јули 2017 година. Првите три дена салонот ќе биде отворен за стручњаците, а од 20 до 23 јули за јавност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња