МО на РФ декласифицираше документи за ослободувањето на Полска од нацистите

Министерството за одбрана на Русија истакнува дека сите документи, вклучувајќи ги рапортите, известувањата, телеграмите, воените сведоштва, демонстрираат пријателски однос на Полјаците спрема руските војници.

Министерството за одбрана на Русија објави уникатни документи за ослободувањето на Полска во текот на Втората светска војна.

„Историските документи беа декласифицирани во јули 2017 година, претходно не беа објавени во отворени извори и беа достапни само за тесен круг стручњаци“, се вели во соопштението на рускиот одбранбен ресор.

Министерството за одбрана на Русија истакнува дека сите документи, вклучувајќи ги рапортите, известувањата, телеграмите, воените сведоштва, демонстрираат пријателски однос на Полјаците спрема руските војници.

Така, на пример, во објавената телеграма на сојузот на полски патриоти се вели дека советската војска подигнала „мост, кој нѐ обединува со братскиот народ“.

Покрај тоа, во обраќањето на Воениот Совет на Полската Армија во СССР, објавено во јули 1994 година, се содржи повик до Полјаците да се кренат во борба против хитлеровските окупатори.

„Пречекајте ја достројно сојузничката Црвена Армија, која ги има најголемите заслуги во победата над Германците. Помагајте им на нашата армија и советската војска да ги уништат германските вооружени сили“, се вели во обраќањето.

Министерството за одбрана на Русија ги потенцира особената важност и вредноста на рапортите и известувањата на политичките органи на Црвената Армија, кои содржат „многубројни случаи на масовно уништување, грабеж и тортура на полското население од страна на хитлеровците, варварското уништување на населените места и објектите на културното наследство од страна на окупаторите“.

Територијата на Полска беше окупирана од германските сили од септември 1939 до февруари 1945 година. За тоа време загинаа околу шест милиони Полјаци, што изнесува околу 20 проценти од вкупното население на земјата во тоа време.

Во текот на Висланско-Одранската операција, во текот на која беше ослободена територијата на Полска, загинаа над 40 илјади советски војници. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња