Граѓаните на Русија гласаа за нивниот омилен филм и омилената серија во првата половина на 2017 година, се вели во соопштението за медиумите на Mail.Ru, пренесува RT.
Според корисниците на сајтот, најдобрите филмови од почетокот на годината се рускиот „За првпат“ и американскиот „Чувари на Галаксијата – дел 2“. Просечниот рејтинг на двата филма е е 8,9.
На првите 5 места на листата со просечна оценка 8,6 се„Кралот Артур: Легендата з мечот“, „Логан“ и „Пиратите од Карибите: Мртовците не раскажуваат сказни“.
Притоа, најмногу оценки доби филмот „Викинг“.
За најдобра серија е прогласена четвртата сезона на „Шерлок“, која доби највисока оценка (8,5) и стана рекордер по бројот на гласови.
Второто место го зазеде „Екатерина“ (8), по неа следи „Хотел „Елеон“ (7,8), „Сите ме нервирате“ (7,8) и „Законот на камената џунгла“ (7,5).
Во гласањето учествуваа повеќе од 1 милион гледачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче