Индекс на страв: Од што најмногу се плашат Русите?

Русите најмногу се плашат од настанување меѓународни конфликти, велат резулатите од последната анкета на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ)

Главната загриженост на Русите е сѐ уште поврзана со заканата од настанување на меѓународни конфликти и зголемувањето на цените. Последното нешто што ги загрижува луѓето е можноста од појава на семејни проблеми, велат резултатите од истражувањето на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ). 

„Индексот на страв“ што го пресметаа социолозите покажува од кои проблеми Русите се плашат најмногу од сѐ. Овој показател се мери во точки и варира во рамките од -100 до 100: колку поголема е вредноста, толку поверојатни изгледи има да се појави проблем.

Мнозинството анкетирани се плашат од меѓународни конфликти – вредноста на индексот достигнува 14 точки (во јануари 2016 година беше 23 точки).

Показателот, кој го покажува степенот на загриженост во однос на поскапувањето на стоките и девалвацијата на заштедата, се намали во декември на минималната вредност во 2016 година (10 точки наспроти 19 на почетокот на годината).

Како што појасни раководителот на истражувачките проекти на ВЦИОМ Михаил Мамонов, резултатите од анкетата кажуваат дека последниот месец од 2016 година бил најмирниот во таа година. Пред сѐ, според него, тоа е поврзано со стабилноста на девизниот пазар. Како второ, жителите на Русија ги смируваат многубројните изјави на властите дека земјата се стреми кон мир, соопштува информативната агенција „Регнум“.

Анкетата на ВЦИОМ беше спроведена на 24-25 декември 2016 година во 130 населени места во Русија. Во истражувањето учествуваа 1600 испитаници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња