Првиот заменик-претседател на комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата Франц Клинцевич смета дека отсуството на крајна декларација на самитот ЕУ-Украина сведочи за постоење длабока криза помеѓу Брисел и Киев. Оваа своја гледна точка тој ја објави на својот профил на Фејсбук.
„Од перспективите за соработка помеѓу Украина и ЕУ човек останува без здив. Не успеаја да потпишат Спогодба за асоцијација, а веќе се гледа длабока криза во односите“, напиша сенаторот.
Тој, исто така, укажа дека изјавата на шефот на украинската дипломатија Павло Климкин за наводното отсуство на неопходноста за потпишување декларација е „добра мина за лоша игра“.
„Она што Климкин го нарече непотребна хартија, за ЕУ претставува ритуал кој се применува со години, за чија неопходност како краен резултат на ваквите настани не се ни дискутира“, додава тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче