Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин зборуваше за своите планови за поедноставување на процедурата за добивање на руско државјанство за граѓаните од Украина, соопшти РИА Новости.
„Во блиска иднина ќе направиме измена на постојното законодавство и нема да бараме од нив документи за откажување од државјанството (на Украина)“, рече првиот човек на земјата на средбата со губернаторот на Белогородската област Евгениј Савченко.
Путин појасни дека според новите правила ќе биде доволно да се достави потврда дека лицето се обратил до властите на Украина со молба за откажување од државјанството на земјата.
Според актуелното законодавство за добивање руска лична карта лицето треба да поднесе потврда од надлежната институција на државата од чие државјанство се откажува.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче