Првиот човек на Пентагон Џејмс Метис предупреди на ризиците што ќе ги носи Турција при купување на зенитно ракетните системи С-400 „Триумф“. Тој потсети дека руските ЗРК не се компатибилни со техниката на НАТО, чиј член е Турција. Впрочем, тој исто така укажа дека земјата има право да донесе таква одлука, пренесува РИА Новости.
„Проблемот е во тоа колку системите на НАТО се компатибилни со руските системи? Тие никогаш нема да бидат компатибилни“, изјави тој, забележувајќи дека одбранбениот ресор на САД треба да почека и да види на кој начин Турција ќе ги користи руските ЗРК.
Преговорите помеѓу Турција и Русија за купување С-400 започнаа пред неколку месеци. Како што соопшти агенцијата Блумберг Анкара планира да потроши 2.5 милијарди американски долари на руските ЗРК.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче