Турција ќе купи од Русија два С-400 „Триумф“

Властите на Турција решија да купат од Русија два ракетни система „Триумф“ С-400 за 2,5 милијарди долари, соопшти извор во Анкара.

Според првичниот договор, Турција ќе добие два система С-400 во 2018 година, а потоа ќе добие можност самостојно да произведе уште два такви системи, пренесува агенцијата „Блумберг“.

Според изворот на агенцијата во Турција, руските системи ќе бидат некомпатибилни со одбранбените системи на НАТО, меѓутоа нема да подлежат на ограничувањата на Алијансата и можат да бидат распоредени каде било.

Во моментов страните ги разгледуваат техничките детали. Според изворот, за конечно завршување на проектот може да бидат потребни две години. Системите С-400, наменети за Турција, нема да бидат опремени со системот за идентификација „наши-туѓи“.

Од своја страна, амбасадорот на Турција во Русија Хусеин Дриоз изјави дека има напредок по прашањето за испорака на С-400 на Анкара. „Техничките консултации се движат во позитивен правец, контактите продолжуваат“, изјави тој, пренесува „Взгљад“.

Според него, членството на Турција во НАТО не е пречка за испораката на С-400.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња