На денешен ден во 1941 година првпат во борба беше употребена „Катјуша“

Пред 76 години Црвената армија првпат ги употреби легендарните „Сталинови оргули“ - повеќецевниот ракетен фрлач „БМ-13“, попознат како „Катјуша“.

„Катјуша“ е познат тип на повеќецевен ракетен фрлач, првпат произведен и употребен од страна на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. 

Катјуша не е официјалното име на орудието, тоа е прекар даден од страна на војниците кои го употребиле фрлачот. Војниците на Црвената Армија го прифатија прекарот од популарната воена песна „Катјуша“, во која се пее за една девојка која копнее по својот сакан кој е пак служи војска некаде далеку.

Официјалното име на „Катјуша“ е „БМ-13“.

Познатиот ракетен систем првпат влезе во битка на 14 јули 1941 година и остана на фронтот сѐ до последниот напад на Берлин на Црвената Армија. Всушност, помеѓу 1941 и 1945, советските фабрики произведоа 10000 легендарни фрлачи.

Се смета за едно од најдобрите оружја во Втората светска војна.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња