Русија и Турција пред договор за испорака на С-400

Русија и Турција речиси го завршија усогласувањето на сите детали од договорот за противавионските ракетни системи С-400, изјави генералниот директор на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ).

„За С-400 тече дискусијата, практично ја завршивме целата техничка страна, а денес тече дискусијата за финансискиот дел. Турската страна е во потрага по можност да добие од некаде финансирање“, изјави првиот човек на „Ростех“, пренесува „Комерсант“.

Чемезов изјави дека руската страна не ја исклучува можноста за давање кредит на Турција за купување на ракетните системи. „Знам дека ова прашање беше на меѓувладино ниво, затоа што само владата може да даде кредит врз основа на меѓувладин договор. Знам дека меѓу Министерството за финансии на Турција и Министерството за финансии на Русија се водеа такви преговори, но како завршија, не знам“, објасни Чемезов.

Тој не сакаше да прецизира колкав број на комплети С-400 сака да набави Турција.

„Договорот засега сѐ уште не е потпишан, затоа на оваа тема засега нема да зборуваме“, прецизираше шефот на „Ростех“.

Претходно руските медиуми соопштија дека Москва е подготвена да ѝ испорача на Анкара системи С-400 по цена од 500 милиони долари за дивизион.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња