Од почетокот на јули складот за заборавени предмети, сместен во московската метро-станица „Котелљники“, доби 164 предмети, соопшти за „Интерфакс“ прес-службата на московското метро во петокот.
„Од заборавените предмети најголем број се чадори. Исто така, патниците во метрото губеа накит, вештачки вилици и синтисајзер“, изјави соговорникот на агенцијата,
Според него, на адресите на сопствениците во јули биле вратени 23 изгубени предмети.
„Секојдневно вработените во метрото пишуваат од 5 до 15 пријави за предмети заборавени во вагоните, на пероните и во премините. Како и претходно, меѓу изгубените предмети во метрото се лични предмети кои се наоѓаат во патнички торби и ранци“, истакнува прес-службата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче