Археолозите ја открија тајната на огромниот курган на Крим

Руските археолози подробно го проучија курганот од четвртиот век пред нашата ера откриен во близина на Керчаскиот теснец и дојдоа до нови сознанија за погребните церемонии во старогрчкото Босфорско кралство, пишува РИА „Новости“ повикувајќи се на прес-службата на Институтот за археологија на РАН.

Курган Госпитальный (болнички) од четвртиот век пред нашата ера, откриен во југоисточниот дел на Керч, го доби називот по некогашната воена болница која се наоѓала во близина, а се наоѓа во зоната на изградбата на патот до мостот кој се гради преку Керчанскиот теснец.

Во курганот се откриени два гроба, еден ограбен во далечното минато и друг во кој се наоѓаше саркофаг со скелет на тинејџер.

„Сфативме дека историјата на „Госпитаљни“ била мошне сложена. Насипан е во неколку фази, а во длабочината се пронајдени гробни градби од различни периоди. Во сите пресеци имаше траги на бројни пљачкашки прекопувања и ровови“, вели раководителот на истражувањето, научен соработник на Одделението за археолошки истражувања на скитско-сарматската култура на Археолошкиот институт на РАН Ирина Рукавишникова.

Покрај гробовите се откриени три камени жртвеници, јами со остатоци од погребни гозби, како и бројни фрагменти на садови од четвртиот век пред нашата ера и уште некои предмети од керамика. Помеѓу нив и амфори насликани со црвени фигури на менади и сатири (во старогрчката митологија, придружници на богот Дионис) на црна позадина, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња