Под енергетскиот мост до Крим пронајден објект на непозната цивилизација

Според првичните податоци, ископините потекнуваат од 7-8 век пред нашата ера и истражувачите сметаат дека тоа е дело на населението на оваа територија кое живеело пред доаѓањето на Грците или дека се работи и за непозната цивилизација.

Градежниците мораа привремено да ја запрат работата на изградбата на енергетскиот мост до Крим. На длабочина од шест метри во околината на населбата Иљич на Таманскиот полуостров е откриено уникатно наоѓалиште.   

Археолозите на институтот на Руската академија на науки сметаат дека ископаниот систем за собирање вода за пиење е најстариот на територијата на Русија. Освен тоа, научниците не ја исклучуваат можноста дека овој објект би можел да докаже дека далечните предци на населението во оваа област граделе хидротехнички градби многу одамна пред Грците.

Според првичните податоци, ископините потекнуваат од 7-8 век пред нашата ера и истражувачите сметаат дека тоа е дело на населението на оваа територија кое живеело пред доаѓањето на Грците или дека се работи и за непозната цивилизација, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета”.

Комплексот го чинат неколку поврзани камени резервоари изградени од камења високи по два метра. Поради осцилациите во температурата на каменот се кондензирала вода, а потоа се собирала во резервоарите, поминувајќи на тој начин низ камен филтер.

„Ако зборуваме за древни резервоари, не е лесно да се одреди кој народ можел да ги изгради“, објаснува докторот на историски науки, соработник на научноистражувачкиот центар за традиционални култури Игор Касилев. „Мајсторите можеле да бидат и првите грчки доселеници на Таманскиот полуостров, како и племињата Синда.”

Работите на археолозите нема да влијаат на роковите планирани за изградба на енергетскиот мост до Крим.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња