Ова го соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на РФ.
„За правото да се нарекуваат вистински асови во управувањето со борбена техника, за најуиграни и сплотени екипажи и единици, најбрзи и најпрецизни стрелци ќе стапат во борба 134 екипи. Повеќе од 3,5 илјади војници од 29 земји од Европа, Азија, Централна и Латинска Америка и Африка“, соопшти рускиот одбранбен ресор.
АрМИ-2017 се состои од 28 натпреварувања според различни видови на воено-технички специјалности. Игрите ќе се одржат од 29 јули до 12 август во Русија, Белорусија, Казахстан, Азербејџан и Кина, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче