Набиулина: Руската економија е на почетокот на нов циклус на раст

Првиот човек на Централната банка на Русија Елвира Набиулина очекува годинава руската економија да порасне за 1,3-1,8 проценти.

Руската економија се наоѓа на почетокот на нов циклус на раст, изјави првиот човек на Централната банка Елвира Набиулина во текот на Меѓународниот финансиски конгрес.

„Сега нашата економија се наоѓа на почетокот на нов циклус. Руската економија се врати на позитивно темпо на раст, вистина, засега ниско. Годинава очекуваме раст за 1,3-1,8 проценти“, изјави Набиулина, пренесува „Лента.ру“.

Во април министерот за економски развој на Русија Максим Орешкин изјави дека економијата на Русија влегла во нов стадиум на пораст и за негово забрзување е потребно да се спроведат низа реформи.

Според мислењето на главниот економист за Русија на „Бенк оф Америка Мерил Линч“ Владимир Осаковски, руската економија на крајот на оваа година ќе порасне за 1,1 проценти.

Според основното сценарио на Министерството за економски развој на Русија, во 2017 година се очекува раст на БДП-то на Русија на ниво од 2 проценти и 1,5 проценти од 2018-2020 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња