На невработена Московјанка ѝ украле спортски автомобил од 175 илјади евра

Невработена жена во Москва пријавила во полиција дека останала без својот „Мерцедес“ AMG SLS.

Автомобил „Мерцедес“ AMG SLS вреден околу 12 милиони рубли (околу 175 илјади евра), сопственост на невработена жена, е украден во вооружен грабеж во Москва, соопшти за РИА „Новости“ прес-службата на МВР за Москва.

Како што соопштува полицијата, инцидентот се случил на крајот на јуни, меѓутоа за настанот се дознало дури во средата.

„Невработената жена се обрати до полицијата и соопшти дека на 27 јуни во еден автосервис двајца непознати, заканувајќи се со предмет кој личел на пиштол, од мажот кој ја вршел продажбата на нејзиниот автомобил „Мерцедес“ AMG SLS, отворено му ги грабнале документите и клучевите од наведениот автомобил и побегнале со него“, изјави соговорникот на агенцијата.

Според него, отворена е истрага за разбојништво и се трага по ограбувачите. Материјалната штета полицијата ја оценува на 12 милиони рубли.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња