Првите 10 чиновнички со највисоки приходи во Русија заработиле во 2016 година околу 220 милиони рубли (над 3,2 милиони евра).
При составувањето на списокот беа земени предвид пријавите на пратеничките во Државната Дума, членовите на Советот на Федерацијата и владата, како и на чиновнички од администрацијата на претседателот на Русија.
„Најмногу во нашиот рејтинг има пратенички во Државната Дума – тие заземаат седум места од десет. Претставничка на Долниот дом на парламентот исто така го зазема првото место – тоа е пратеничката од „Единствена Русија“ Татјана Соломатина“, истакнува рускојазичната верзија на магазинот. Пратеничката заработила повеќе од 56 милиони рубли (околу 820 илјади евра).
На третото место исто така се наоѓа пратеничка - заменик-претседателот на Државната Дума Олга Епифанова („Праведна Русија“) со заработени 24,5 милиони рубли (околу 360 илјади евра).
Меѓу првите десет жени се и два сенатора – Људмила Нарусова, која ја претставува Република Тува во Советот на Федерацијата (второ место, 28,7 милиони рубли (околу 420 илјади евра), и претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко (четврто место, 22,9 милиони рубли (околу 335 илјади евра).
Од составот на владата на листата најбогати чиновнички влезе само заменик-претседателот на владата Ољга Голодец (седмо место, 15,6 милиони рубли (околу 230 илјади евра).
Притоа на списокот на се најде ниту една претставничка на администрацијата на претседателот на РФ. Покрај тоа, не се рангирани ниту вработените во Банката на Русија. „Службеничките на Централната банка не се федерални чиновници и, според тоа, не се вклучени во рејтингот“, истакнува авторот на материјалот, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче