„Форбс“ објави кои се најбогатите жени во Русија

Најбогата жена е Елена Батурина чиј имот се проценува на 1 милијарда долари.

Магазинот „Форбс“ објави листа на најбогатите жени во Русија.

Според магазинот, на прво место на листата се најде сопругата на поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков Елена Батурина. Нејзиното богатство се проценува на 1 милијарда долари.

Второто место ѝ припаѓа поранешната сопруга на претседателот на фудбалскиот клуб „Монако“ Дмитриј Риболовлев Елена Риболовлева со имот вреден 600 милиони долари.

Трета на рејтингот е сопственичката на групацијата Ес-7 (S7) Наталија Филева со богатство од 600 милиони долари.

Претходно „Форбс“ соопшти кои се најбогатите Руси. Првото место му припадна на Леонид Михељсон, чиј имот за една година порасна за 4 милијарди долари – на 18,4 милијарди долари, пренесува „Газета.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња