Рускиот јазик е национално богатство на Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека рускиот јазик е национално богатство на државата од кое таа никогаш нема да се откаже.

Говорејќи во средата во Минск во рамките на пленарната седница на Светскиот конгрес на рускиот печат, Лукашенко изјави дека во рускиот јазик вложиле не само Русите, туку и другите народи, вклучувајќи ги и Белорусите.

„Ние од него (рускиот јазик) не сме се откажувале и нема да се откажеме. Згора на тоа, за него ќе се бориме“, изјави Лукашенко.

Лидерот на Белорусија потсети дека рускиот јазик, во согласност со одлуката на белорускиот народ на референдумот во Белорусија има статус на службен јазик заедно со белорускиот.

„Благодарение на то, ние имаме можност за пошироки и директни контакти во областа на науката, културата и уметноста. Ги прошируваме интелектуалните и информационите хоризонти на плодната соработка со братските народи, промовирајќи идеи за добрососедство и мир“, ги цитира агенцијата БЕЛТА зборовите на Лукашенко.

„Рускиот јазик, на кој разговараат Русите, Белорусите, Украинците е сплет од душите на многу народи. Рускиот јазик не ни е туѓ, тоа е и наше национално богатство... Тоа е наше родно... ако го загубиме јазикот – ќе ги загубиме историјата, сегашноста и иднината“, предупреди Лукашенко, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња