Два милиони луѓе се поклониле на моштите на Св. Никола во Москва

Претходно беше соопштено дека на 10 јули во храмот „Христос Спасител“ во Москва на моштите им се поклониле речиси 64 илјади луѓе.

Околу два милиони луѓе се поклониле на моштите на Св. Никола Чудотворец за 53 дена во рускиот главен град, соопшти на 12 јули Штабот за организирање аџилак.

Коментирајќи го завршувањето на престојот на моштите на светецот, кои првпат во историјата беа пренесени од италијанскиот град Бари во Русија, настојникот на храмот „Преподобен Сергиј Радонешки“ во Москва Александар Волков изјави дека донесувањето на моштите е многу важен настан за Русија. Тој објасни дека меѓу милионите посетители, кои им се поклонија на моштите во Москва, имало не само Московјани и жители на Московската област, туку и гости од другите региони.

Според зборовите на Волков, Николај Чудотворец ги обединил сите руски првославци. Престојот на неговите мошти во Русија претставува духовно полнење за целиот народ.

На 13 јули 2017 година ковчегот со моштите на Св. Никола ќе биде испратен во Александро-Невската лавра во Санкт Петербург, каде што ќе бидат достапни за јавноста до 28 јули 2017 година.

Претходно беше соопштено дека на 10 јули во храмот „Христос Спасител“ во Москва на моштите им се поклониле речиси 64 илјади посетители, пренесува ИА REGNUM.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.