Моштите на Св. Никола во Москва

Во храмот Христос Спасител, каде моштите ќе бидат доставени за вечерната служба директно од аеродром, светињата свечено ќе му биде предадена на патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

Со специјален лет од италијанскиот град Бари денеска беа доставени во Москва моштите на светецот Николај Чудотоворец. На аеродромот Внуково се собрани московски верници за да ја пречекаат светињата, некои од нив носат цвеќе и икони со ликот на светецот.

По пристигнувањето митрополитот Истрински Арсениј ќе отслужи молебна за светецот пред авионот. Во храмот Христос Спасител, каде моштите ќе бидат доставени за вечерната служба директно од аеродром, светињата свечено ќе му биде предадена на патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

Дел од моштите на светецот се чуваат во ковчег направен од благородни метали, покриен со заштитно стакло. Речиси илјада години светињата беше чувана скриена во заѕидана гробница на долната црква на базиликата во градот Бари, под мермерна плоча тешка повеќе од 30 тони.

Договорот за носење на моштите од Италија беше постигнат на средбата меѓу патријархот Кирил и римскиот папа Францеск на 12 февруари 2016 година. До 12 јули моштите ќе бидат изложени во храмот Христос Спасител во Москва, а од 13 до 28 јули – во Санкт Петербург, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња