Американските медиуми не веруваат во руски носач на авиони

„Национален Интерес“ смета дека плановите за новиот руски носач на авиони се само пуста желба.

Американските новинари ги нарекоа плановите на руското Министерство за одбраана за изградба на носач на авиони „неостварлив сон“, вели магазинот „Национален Интерес“, пренесува „Рамблер“.

Според аналитичарите, главниот проблем во изградба на носачот на авиони за Русија ќе биде немањето соодветно работно искуство. Руската војска во модерната историја никогаш не произвеле носачи на авиони, а носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ е изграден во украински бродоградилишта уште во советско време. Покрај тоа, изградбата на носач на авиони подразбира постоење на докажани технологии за воен атомски погон. Првично се претпоставуваше дека таквиот погон првпат ќе биде употребен за разурнувачот „Лидер“, меѓутоа пуштањето на бродот во употреба се одложува веќе шест години. Првиот брод од тој тип ќе биде спуштен во вода не порано од 2025 година. Експертите, исто така, укажуваат дека во Русија трета година по ред се намалува воениот буџет.

На крајот на јуни 2017 година заменик-командантот на Воено-морската флота на Русија Виктор Јазовец изјави дека изградбата на новиот руски носач на авиони е утврдена во државната програма за вооружување за 2018-2025 година. Макетата на бродот беше претставена од Криловскиот државен научен центар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња