Такви мерки руското МНР се подготвува да преземе по одлуката на Вашингтон да не се врати имотот кој ѝ припаѓа на руската дипломатска мисија во САД која во декември 2016 година беше запленета. Претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп не успеаја да го решат ова прашање во текот на личната средба на маргините на самитот на Г-20 во Хамбург.
Изворот на изданието се пожали дека САД не понудиле начини за излез од кризата и Русија треба да одговори реципрочно, и покрај немањето желба да го стори тоа. „Има прелиминарен договор за одржување на средба во Санкт-Петербург меѓу заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков и првиот заменик-државен секретар на САД Томас Шенон. Ако и таму не биде најден компромис, ќе мора да одиме на такви мерки“, изјави соговорникот на „Известија“.
На 28 јуни портпаролот на руското МНР Марија Захарова изјави дека Москва подготвува мерки како одговор на заплената на дипломатската сопственост во САД. Според неа, американската страна во неколку наврати била предупредена дека одговорот на Москва „ќе има многу солидна база на развој“, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче