Ракетен систем „Топол-М“.
Рамил Ситдиков / РИА „Новости“Кралскиот Обединет институт за одбранбени студии на Велика Британија објави извештај кој покажува дека новите британски носачи на авиони, за чија изградба се потрошени 6,2 милијарди фунти (околу 8 милијарди евра), се лесна цел за релативно евтините руски и кинески ракети.
Одбранбените проекти вредни повеќе милијарди фунти се загрозени поради технолошкиот напредок на потенцијалните непријатели на Велика Британија, вели во истражувањето еден аналитичар, пишува „Дејли Меил“.
Ракетите, кои чинат помалку од 500 илјади фунти (околу 644 илјади долари) можат во најдобар случај да го претворат носачот на авиони „Кралица Елизабета“, кој чинеше 3,1 милијарди фунти (околу 4 милијарди долари) во нефункционален брод.
Според аналитичарите, најголема закана претставуваат „руските и кинеските високопрецизни наведувани ракети со голем дострел“.
„Кина и Русија изгледа дека ги вложиле сите напори за да ги загрозат клучните западни инвестиции, кои се големи, скапи и малобројни“, се вели во документот.
Според истражувачите, „клучните западни воени инвестиции се толку лесна мета за ракетите со голем дострел што тоа е просто неверојатно“. Авторите на извештајот исто така ѝ укажуваат на британската влада да се фокусира на производство на офанзивни системи наместо на обезбедување заштитни функции“, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче