МО на РФ: новиот британски носач на авиони е „лесна морска цел“

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков изјави дека британскиот носач на авиони „Кралица Елизабета“ е само „лесна морска цел“.

„Изјавите на шефот на британскиот воен ресор Мајкл Фелон во однос на предноста на надворешната убавина на новиот носач на авиони над рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ демонстрираат отворено незнаење од негова страна на воено-поморската наука. И пред сѐ на суштината на разликите на „авиоматката“ (стар назив за специјален брод наменет за носење, опслужување, ремонт, полетување и слетување на авиони – Заб. на ред.) каков што е де факто британскиот носач на авиони,  од носачот на авиони од проектот 1143.5 „Адмирал Кузнецов“, изјави Конашенков, пренесува РИА „Новости“.

Тој истакна дека способноста на британскиот носач на авиони без помош отстрана е да испушта авиони, наоѓајќи се во густо опкружување на куп бојни бродови, бродови за логистика и подморници кои го штитат.

„Затоа, за разлика од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, опремен со противвоздушно, противподморничко и, најважно, противбродско ракетно вооружување „Гранит“, британскиот носач на авиони е само лесна големогабаритна морска цел“, потенцираше портпаролот на руското Министерство за одбрана.

Конашенков заклучи дека „имајќи го предвид ова, токму во интерес на британската кралска морнарица е на отворено море да не ја демонстрира „убавината“ на својот носач на авиони поблиску од неколку стотици милји од „далечниот роднина“. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња