Руската компанија „Радар ММС“ создаде најнов глисер од типот „Делфин“, чија луксузна опрема може да се нарече „Бентли на вода“ соопшти во интервју за РИА „Новости“ извршниот директор на компанијата Иван Анцев.
Глисерот беше првпат покажан на Воено-поморскиот салон во Санкт Петербург во јуни оваа година.
„Го презентиравме модернизираниот глисер на подводни крила „Волга“ и „Делфин“ со луксузен салон. Може да се каже дека тоа е „Бентли“ на вода – моторот му е 280 коњски сили, брзината до 90 километри на час, салон од кожа, црвено дрво“, изјави Анцев.
Овие глисери може да се користат за прошетки, екскурзии и ВИП-превоз.
„При брзина од 90 километри на час глисерот се наведнува на бок и никаков бран не му може ништо“, истакна соговорникот на агенцијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче