„Вештачки“ дожд спаси од пожар село во Забајкалот

Руските власти прибегнуваат кон вештачко предизвикување на дожд за да се борат со пожарите.

Властите во Забајкалскиот крај од 7-9 јули со помош на експерти вештачки предизвикаа дождови за да се борат против шумски пожари, се вели во соопштението на сајтот на регионалното Министерство за природни ресурси.

Федералниот штаб за координација на активностите за сузбивање на шумски пожари прибегнаа кон помош од специјалисти на противпожарната служба на ФБУ „Авиалесоохрана“, кои ги координираа своите дејствија со Росхидромет. Во шест реони на Забајкалскиот крај беше реализирано вештачко поттикнување на врнежи.

Над реоните леташе авион Ан-26, опремен со посебна опрема „Веер“ со касети за 384 пиротехнички патрони ПВ-26м и далечински управувач во авионот.

Како резултат на човечка интервенција во метеоролошките процеси беа ликвидирани 24 шумски пожари не само над реоните каде што беа предизвикани врнежи, но исто така и во соседните. Изгаснати се пожари на површина од повеќе од четири илјади хектари. Покрај тоа, како што соопштува „Авиалесохрана“, вештачки предизвиканиот дожд помогна да се спречи пожарот да го зафати селото Тупик, во кој живеат околу илјада луѓе.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња