Трамп не верува во формирање група за сајбер-безбедност меѓу Русија и САД

Претседателот на САД Доналд Трамп се сомнева во формирањето со Русија на заедничка единица за сајбер-безбедност.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека работната група за сајбер-безбедност, за која тој дискутираше со претседателот на Русија Владимир Путин, не мора да значи дека ќе биде формирана.

„Фактот што претседателот Путин и јас дискутиравме за група за сајбер-безбедност, не значи, мислам, дека може да се случи. Не може - но прекин на огнот може и се случи!“, напиша Трамп на „Твитер“. Истовремено тој потенцира дека договорот за прекин на огнот на југозападот на Сирија, за кој разговарале лидерите, е потпишан, а примирјето воспоставено.

Претходно руски, американски и јордански експерти постигнаа договор за меморандум за создавање зони на деескалација на југозападот на Сирија: реоните Дераа, Кунејтра и Сувејда. Во овие реони важи режимот на прекин на огнот, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња